КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ДОПОЛНИТЕЛНА ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА

Сончевата светлина го поттикнува создавањето на меланин кој делува како природна заштита бидејќи апсорбира широк распон на зраци од UV подрачјето. Резултат на тоа е природното потемнување на тенот. Прекумерното експонирање на кожата на сонце може да го поремети овој процес и да се јават неправилно обликувани пигментирани жаришта – хиперпигментаци. Ограничено и контролирано, особено директно изложување на сонце и редовна апликација и реапликација на средства со висок фактор на заштита е клучен фактор во борбата против нив.

Иако голем број од дневните креми се со заштитен фактор помал од 30,  во летните месеци тоа не е доволно за максимална заштита и затоа е неопходно обавезно да се користат средства со заштитен фактор од 30 – 50 +. Средствата треба да се реаплицираат  на растојание од околу 2 часа, а не да се нанесат само еднаш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *