Бесплатни дерматолошки совети со Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска

Поголемата изложеност на сонце, зголемената температура, но и подолго време поминато надвор може да предизвика промени на кожата кои можат да имаат сериозни последици. За таа цел Ozone Gold во соработка со дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска организираат бесплатни дерматолошки совети на веб страната www.ozone-gold.com. На едно место, можете да го поставите вашето прашање на кое прим. д-р Весна ќе ви даде дерматолошки совет, или пак можете да ги прочитате и одговорите и на другите прашања, се со цел да дознаете повеќе за третирање и заштита на вашата кожа.

„Неумерено, неконтролирано и повторувано изложување на дејство на сончеви зраци може да биде и штетно, особено за кожата која како орган е најмногу експонирана на дејството на истите, а зависи од нивната јачина, зачестеност и времетраење на изложувањето. Од посебно значење е едукацијата за третман на кожата, на лицето или телото, во летниот период, се со цел да се избегнат несаканите кожни промени. Здрава кожа е негувана и заштитена кожа.“

д-р Весна Матевска – Цифревска

Сонцето како “извор на животот” има корисно влијание врз човечкиот организам и неговото здравје доколку умерено се “консумира“. Познато е неговото учество во создавање на активен облик на витамин Д, зајакнување на имунолошкиот систем, антимикробно дејство, забрзување на метаболизмот и влијание врз менталното здравје и доброто расположение.

Токму најмалиот дел од сончевиот спектар (UV спектарот) е биолошки најактивен и најодговорен за акутните и хроничните оштетувања на кожата.

UVA зраците продираат подлабоко во кожата оштетувајки го нејзиниот среден дел (dermis). Одговорни се за пигментација и предвремено стареење на кожата.

UVB зраците се апсорбираат во најгорниот слој на кожата (epidermis) и се одговорни за акутниот одговор на кожата во форма на црвенило и изгореници при прекумерно изложување на сонце, кое води до дегенерација и стареење на кожата.

UVA и UVB зраците се една од причините за зголемување на ризикот од појава на карциноми на кожата.

UVC зраците ги апсорбира озонската обвивка и тие не доаѓаат до земјината површина.

Земјината воздушна обвивка запира повеќе од 95 % од UV зраците и затоа прашањето околу “озонските дупки” и загаденоста на воздухот не губи од својата актуелност.

Кожата на штетното дејство на UV зраците се спротивставува со задебелување на епидермалниот слој за да се апсорбираат што повеќе зраци и со генетски контролирано потемнување – пигментација во зависност од типот на кожата.

Со поголемата изложеност на сонце може да се добие ФОТОСТАРЕЕЊЕ, кое е oблик на предвремено стареење како резултат на акумулирано дејство на ефектите од прекумерно изложување на сонце, кое е различно од физиолошкото стареење на кожата. Се одликува со изразита сувост, длабоки брчки, орожнување на епидермот, пигментни промени и проширени крвни садови. Бидејќи промените кои се јавуваат при фотостареење не се изолирани и се надополнуваат со хронолошкото – физиолошко стареење, највидливи се на кожата на лицето и вратот.

Сончевата светлина го поттикнува создавањето на меланин кој делува како природна заштита бидејќи апсорбира широк распон на зраци од UV подрачјето. Резултат на тоа е природното потемнување на тенот. Прекумерното експонирање на кожата на сонце може да го поремети овој процес и да се јават неправилно обликувани пигментирани жаришта – хиперпигментаци. Ограничено и контролирано, особено директно изложување на сонце и редовна апликација и реапликација на средства со висок фактор на заштита е клучен фактор во борбата против нив.

Освен на сонцето, кожата секојдневно е изложена и на други надворешни влијанија, ветер, дожд, прашина и др., кои заедно со генетските предиспозиции и начинот на исхрана и навики,  исто така може да предизвикаат промени и да го забрзаат процесот на стареење на кожата. Затоа е потребна секојдневна нега која треба да е прилагодена на типот кожата и возраста. Редовната нега на лицето се состои од 4 основни чекори :

  1. чистење – миење со неагресивни средства за отстранување на нечистотиите, шминката, маснотиите и потта
  2. тонирање – премачкување со тоник за освежување, хидрирање и враќање на природната pH на кожата
  3. нега – нанесување на соодветен дневен, ноќен и препарат за околу очи со цел хидрирање, хранење и регенерација на кожата и/или додатоци против брчки во зависност од возраста и типот на кожата
  4. заштита – нанесување на средства за UV заштита со SPF фактор 50, па и повисок

Поради често изложување на директното дејство на сончевите зраци, високите температури и брзото губење на течности во летниот период кожата воопшто, а особено кожата на лицето и вратот станува посува и склона кон побрзо стареење и затоа бара дополнителна нега.

Во поново време “младоликиот изглед” станува императив. Познавајќи ги штетните влијанија на сончевите зраци врз интегритетот и еластичноста на кожата нејзината заштита е од суштинско значење не само од естетски туку и од здравствен аспект. Иако голем број од дневните креми се со заштитен фактор околу од 15, во летните месеци тоа не е доволно за максимална заштита и затоа е неопходно обавезно да се користат средства со заштитен фактор од 50. Средствата треба да се реаплицираат на растојание од околу 2 часа, а не да се нанесат само еднаш.

Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска ве очекуваат на www.ozone-gold.com

ислење за “Бесплатни дерматолошки совети со Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска

  1. Sanja напиша:

    Zdravo.Sin mi (17g)ima vitiligo.Probavme so Protopic 1%, poracavme krema od Avstralija Vitilogo Organic, no nisto ne pomogna.Sto preporaacuvate vie?

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Сања, токму во моментов за ваш е најважно редовно, секојдневно користење на препарати со висок заштитен фактор при изложување на сонце за да ја заштитите депигментираната кожа која што е многу почувствителна на УВА и УВБ зраци.
      За да не дојде до евентуално изгорување и дополнително оштетување на кожата со витилиго, Ви го препорачуваме кремот за заштита од сонце со СПФ 50. Кремот покрај фотозаштитата има дополнителни својства кои ги добива од озонираното масло и долготрајна влажност.
      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-krema-za-sonce-50spf/

  2. Cece напиша:

    Zdravo sin mi ima 15 godini na nogata do zglobot mu se pojavi kako rana koja ne krvari, ne gnoi, po preporaka od kozen doktor mackavme betasalik dve nedeli no seuste ne pominuva. Deteto od bebe imase atopicen dermatit no poslednive nekolky godini nemase nisto po teloto. Sto da pravime ve molam za sovet.

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Ксенија, Бидејќивашиот син е атопичар, можно е бетасаликот кој содржи салицил, додатно да јаиритирал променетата кожа. Обидете се со чист кортико стероиден крем кој ќе виго препише матичниот лекар. Аплицирајте два пати дневно во тек на четири – петдена, а потоа по еднаш дневно, навечер, уште четири – пет дена.
      Доколку немате подобрувањенаправете контролен преглед кај дерматолог. Потребна е и редовна,секојдневна нега со препарати наменети за регенерација на атопична кожа.Ozone Gold ви препорачува за дополнителната нега со регенеративнокрем ozone gold 160 mg кој има дополнително антибактериско иантиинфламаторно и дезинфекционо дејство. Овозможува помош клетките брзо да серегенерираат и обноват кога кремот ќе се нанесе на проблематичната површина накожата како резултат на високата количина на кислород.

      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-cream-160mg-ozonirana-krema-so-160mg-ozon/

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Емица, Засега, користете ја истата козметика како и до сега. Во овој период за вас е најважно задолжително користење на фотозаштитни креми со висок заштитен фактор. За терапија обратете се на дерматолог, но по завршување на сончевиот период бидејќи во летниот период не е препорачливо третирање на вакви промени.
      За да не дојде до дополнително потенцирање на кафеавите промени и дамки во летниот период потреба е и дополнителна заштита од сонце. Ви го препорачуваме кремот за заштита од сонце со СПФ 50. Кремот покрај фотозаштитата има дополнителни својства кои ги добива од озонираното масло, како подобра дезинфекција на кожата но и долготрајна влажност.

      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-krema-za-sonce-50spf/

  3. Suzana напиша:

    Zdravo, imam vitiligo, koe nikako da zastane , tuku se siri po celo telo, Ve molam za sovet kako da se stopira, ili da se izleci, vo momentov ne koristam nikakvi kremi,

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Сузана, токму во моментов за ваш е најважно редовно, секојдневно користење на препарати со висок заштитен фактор при изложување на сонце за да ја заштитите депигментираната кожа која што е многу почувствителна на УВА и УВБ зраци.
      За да не дојде до евентуално изгорување и дополнително оштетување на кожата со витилиго, Ви го препорачуваме кремот за заштита од сонце со СПФ 50. Кремот покрај фотозаштитата има дополнителни својства кои ги добива од озонираното масло и долготрајна влажност.
      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-krema-za-sonce-50spf/

      • Sanja напиша:

        Zdravo sakam da prasam bremena sum 9 ta nedela, a veke 10 tina dena sekoj den me zacesuva mi se pojavuva topce kako od komarec kasnato i za mn kratko vreme istoto isceaznuva. Po 3 do 4 takvi na den, a do sega nisto ne sum imala takov problem nekam da panicam ama nezz od sto moze da e

        • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

          Драга Сања,
          Во право сте Сања, не треба да паничите. На почеток од бременоста сте, времето е топло и можно е потта да придонесува за појава на тие промени кои секако спонтано се повлекуваат. Премачкување со обична ладна вода може да биде од корист.

  4. done напиша:

    Zdravo se raboti za kerka mi.Ima psorijaza na glava i sega leten period dobiva vospalenie na koza.Dostapni lekovi i kremi sto se kaj nas ne pomagaat. Ve molam za sovet.

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драг Доне,
      Состојбата на вашата ќерка е хронично заболување со повремено подобрување но и влошување. Во летниот период заради повисоките температури и потење генерално има влошување на состојбите. Доколку на кожата на главата има изразено црвенило и влажење може да се обидите со кортико стероиден гел. Но доколку е само зголемена количина на лушпи од кожа – како првут, пред миење со сосодветни шампони, може да се премачка со млако маслиново масло.
      Ви препорачуваме користење на озонирано маслиново масло OZONE OIL 80mg. Озонираното маслиново масло ја забрзува циркулацијата на крвта и ја забрзува обновата на клетките со обезбедување на интензивен кислород.

      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-oil-80mg-ozonirano-maslo-so-80mg-ozon/

      Подигнување на имунитетот е од суштинско значење, затоа Ozone Gold ви препорачува подигнување на целокупното здравје со користење на ozone factor капсулите со озонирано маслиново масло. Истите имаат антигабични, антибактериски и антиинфламаторно бенефиции.

      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-ozone-factor-ozonirano-maslinovo-maslo-meka/

  5. Tanja напиша:

    Zdravo, imam prashanje za doktorkata.Soprugot ima bubulici potkozjni pomali pogolemi na liceto i zadniot del na glavata vo kosata.Primeti deka koga pie antibiotik gi snemuva.odnapred vi blagodaram

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Андреа,

      Најпрво потребно е испитување на промените за да се исклучи можна габична инфекција. Доколку промените се „последица од сонце“, би требало спроведувањето на терапија да се одложи најмалку од средина на есента. До тогаш задолжително користете препарати со висок заштитен фактор за да не дојде до нивно уште поголемо потенцирање. Ozone Gold ви го препорачува кремот за заштита од сонце со СПФ 50. Кремот покрај фотозаштитата има дополнителни својства кои ги добива од озонираното масло и долготрајна влажност.

      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-krema-za-sonce-50spf/

  6. Mimi напиша:

    Imam premnogu suva koza, istata lici dehidrirano imam probuvano razlicni kremi nitu edna mi nema pomognato sabo buulici mi se pojavuvaat od mackanje i kozata ponekogas ja cuvstvuvam pred da nanesam krema svisnato. Molam za sovet.

  7. Maja напиша:

    Zdravo !Veke edna god imam crvena -kafena fleka.na.edniot obraz koristev Bepantenol krem nemase podibryvanje a sega koristam krema.za fleki.ama seuste nema.nikakov rezultat nema.podobryvanje !Ve molam.za.sovet

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Maja,

      За било какви дерматолошки промени убаво е да направите дерматолошки преглед, посебно кога станува збор за лицевата регија. И сепак моја препорака е сепак истото да го направите чим имате прилика. Во меѓувреме мој совет за летниот период е да не употребувате креми протиф флеки, туку да ја заштитете вашата кожа со препарати со висок заштитен фактор.
      За да не дојде до дополнително потенцирање на кафеавите промени и дамки во летниот период потреба е и дополнителна заштита од сонце. Ozon Gold Ви го препорачува кремот за заштита од сонце со СПФ 50. Кремот покрај фотозаштитата има дополнителни својства кои ги добива од озонираното масло, како подобра дезинфекција на кожата но и долготрајна влажност.
      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-krema-za-sonce-50spf/

  8. Elizabeta напиша:

    Zdravo veke tri godini kako sto imam problem so kozata na grbot vo sredisniot del mi se pojavi crvenilo rapavo kako luspicki se nekogas imam i na pleskite od dvete strani na grbot.Na glavata pozadi vo dolniot del od kosata isto imam ranicki so luspi.Se mackam so belogent krema tri dena isceznuvaat ama pak se pojavuvaat.Bev do sega kaj 6dermatolozi i nisto dijagnoza stres i nervoza ama mene mi se širi po celiot grb.Ve molam sovet i vaše mišljenje.Vi blagodaram 😃

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Елизабета,

      Кожата е „огледало на душата“. Во повеќе случаи стресот, исхраната и други фактори можат додатно да ги потенцираат постоечките промени. Не наведувате дали освен промените имате и јадеж. Без преглед можам само да ви предложам косата и грбот да ги миете со шампон кој во својот состав содржат деривати на имидазол.

      Ozone Gold ве советува дополнително за подигнување на вашиот целокупен имунитет, а и помош во борба со габи и бактерии можете да започнете да ги пиете меките желатински капсули со озонирано маслиново масло. Озонот има делотворно дејство врз целокупното здравје. Со обезбедување на поголемо количество на кислород во клетките се обезбедува и подобрување на циркулацијата, одбранбените системи и многу други бенефити. Повеќе за самите капсули можете да прочитате на https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-ozone-factor-ozonirano-maslinovo-maslo-meka/

  9. Olgica напиша:

    Zdravo.veke 5 godini kako mi se pojavi crvenilo prvo bese na obrazite,potoa se prosiri po celoto lice,a so nastanatite akni koi sto nekogas znaev da gi potfatam,mi se pojavija luzni.Ve molam za sovet kako mozam.da go resham mojot problem.Vi blagodaram.ondpred.Pozdrav.

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Олгица,
      Вашиот проблем трае долго. Не ја наведувате возраста и не појаснувате дали акнеицните промени се јавиле во овој период или сте ги имале и пред тоа. Не одложувајте. Посетете дерматолог по стабилизација на состојбата со Ковид 19 бидејќи се потребни одредени испитувања и податоци за да може да се одреди точната дијагноза.
      За да не дојде до дополнително потенцирање на промените во летниот период Ozon Gold Ви го препорачува кремот за заштита од сонце со СПФ 50. Кремот покрај фотозаштитата има дополнителни својства кои ги добива од озонираното масло, како подобра дезинфекција на кожата но и долготрајна влажност.

      https://www.ozone-gold.com/product/ozone-gold-krema-za-sonce-50spf/

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Драга Стефанија,
      Потребно е одредување на типот на акните бидејќи од тоа зависи и зборот на терапискиот пристап кој ќе го направи дерматолог. Терапијата е слична, но не е иста кај сите типови на акни и затоа е индицирана стручна препорака. Со оглед на вашата возраст знам дека претставува голем проблем. Бидете упорни, упорни, редовни и истрајни во терапијата.
      Ozone Gold ви препорачува дополнителна нега со регенеративен крем ozone gold 160 mg кој има антибактериско и антиинфламаторно и дезинфекционо дејство. Овозможува помош клетките брзо да се регенерираат и обноват кога кремот ќе се нанесе на проблематичната површина на кожата како резултат на високата количина на кислород. Поради големата концентрација на озон кремата е многу моќен антиоксиданс и ја дезинфицира кожата. Не содржи адитиви, хемикалии или стабилизатори. За третман на акни и лузни од акни потребно е да се истрие површината со количина помала од зрно леќа. https://www.ozone-gold.com/product/ozone-cream-160mg-ozonirana-krema-so-160mg-ozon/

  10. Beti напиша:

    Zdravo Doktorke, imam edno prasanje pred dve godini na leviot obraz mi se po javi bela fleka i po nekoja tocka bela na celoto otkako se vrativ od odmor. Od togas koristam krema Elidel ama nemam nikako podobruvanje, sto bi mi preporacale vie?

  11. Ana напиша:

    Zdravo doktorke,izvesen period imam crvenilo na lev I desen obraz,nekogas se mnogu izrazeno crveni ,bev na dermatolog mi preporaca da koristam afloderm no od nego use tolku se vlosi sostojbata.Da napomenam deka liceto go mijam samo so voda,otkako go imam ovoj problem.Blagodaram

  12. Iki напиша:

    Zdravo, imam 18 godinu, i mnogo imam problematicno lice so akni, se imam isprobano, kompletni terapii od dermatolog duri piev antibiotic plus zink i mn dr vitamini ama nisto.Sega samo koristam Sudokrem i dobro mi deluva.Sakav da me prasav vase mislenje za sudokrem i dali moze da mu predlozite nekoi proizvodi koi dobro deluvaat na aknote bez ostavanje na luzni ?Fala vi

  13. АД напиша:

    Здраво, имам 21 година и имам проблем со поткожни влакна кои ми се појавуваат на вратот и оставаат страшни лузни. Ова трае веќе неколку години. Дали може да ми препорачате нешто за против лузни а воедно и да ми кажете како да се изборам со поткожните влакна и мрсната кожа на лицето. Ви благодарам однапред.

  14. ELena напиша:

    Zdravo Imam 25god imam mrsna koza sekojdnevno mi se pojavuva po nekoja gnojna bubulica i imam i dosta crnki ve molam za sovet sto da koristam i po koj redosled?

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Почитувани, првично морате да ја смените исхраната да не јадете масно и пржено што повеке да јадете овошје и зеленчук како и детоксикација на огранизмот. Но морате да ги третирате и надоврешно со озонирано масло 40мг за мрсна кожа. Треба за кратко време да го видите ефектот.

  15. Tijana напиша:

    Zdravo imam 24 godini I imam problemi so vlaknesta koza, osobeno na liceto vo predelot na mustakjite I bradata megjutoa se Siri I po celo lice, kako da sum mashko a ne zensko. Ve molam za sovet

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Почитувана, ова е решлив проблем но морате да ги испистате прво хормоните и да видите каков е статусот на хормоните. Едно од подбрите решенија е епилација, но мора да видите со ендокринолог и гинеколог. НО сметам дека треба да ја хидрирате кожата и да користите заштитен фактор 15 кој хидрира и истовремено ве штити од сонцето на Озон Голд 15ка.

  16. Radmila напиша:

    Имам 37 год. и во последниве 3-4 год. по лицето ми се појавуваат дамки па ме интересира дали постои третман и козметика со кои може да се ублажи оваа состојба. Инаку имам потемен тен па сум слушнала дека темната кожа е посклона на пигментација…Ви благодарам.

    • прим. д-р Весна Матевска – Цифревска напиша:

      Почитувани, се пјаваува пигметнација ради некористење на заштитен фактор на лице, затоа треба секој ден и зимо и лето да користите заштитен фактор. За одстранување на дамки требад а користите ознска крема 160мг. За кратко време ке се повелечат.

  17. Cvetanka напиша:

    Dobar den. Sin mi ima 9 godini. Pred 2 nedeli mu se pojavija akni najmnogu okoli vratot, a ima i po celoto telo. Tie se naizgled kako meurcinja (a ne se meurcinja) i imaat posvetla boja od kozata i se so razlicna golemina. Kozata mu e dosta rapava, a sega pocnaa da mu se sirat i na liceto. Na pocetok go chesaa i po preporaka od maticen mu davav 1 nedela letizen i ponekogas so belo pudro go mackav, no nisto nema efekt. Tie i ponatamu se shirat.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *