Озонската терапија – нов природен сојузник во борбата со несаканите брчки

Придобивките од озонската терапија се добропознати, а можноста да ја употребувате во вашиот дом, сега е достапна на нашиот пазар преку производите на Ozone Gold, достапни преку веб страницата www.ozone-gold.com и во подоброснабдените аптеки низ државата. Сепак, не се толку познати придобивките од озонската терапија врз лицето, како и погодностите при затегнувањето на кожата, зголемувањето на нејзината еластичност и долготрајна хидратација.

На сосема природен начин, со озонирање на екстра-вирџин ладно цедено маслиново масло и додавање на природни состојки, Ozone Gold подготви креми за лице кои на природен начин се борат со брчките, оштетувањата на кожата на лицето и сушењето предизвикано од стареење.

Хидратантната крема против стареење со 15SPF содржи озон и Алое вера. Погодна е за дневна употреба секој ден, затоа што, преку ефектот кој потекнува од комплексот за навлажнување на озонираното масло, хијалуронската киселина и Алое вера, овозможува влажност на кожата до 12 часа. На тој начин, оваа крема ја штити кожата од сушење поврзано со стареење и помага да се врати младешкиот изглед на кожата.

Anti-aging кремата против стареење со озон и алое вера користете ја пак навечер. Формулата на озонирано маслиново масло и Алое вера делува ефикасно за намалување на брчките, затоа што и помага на кожата да изгледа цврсто и еластично. На тој начин, преку ноќта оваа моќна формула овозможува дополнителна убавина на кожата.

Во текот на летото, ја препорачуваме и заштитата на кожата со кремата за сонце со заштитен фактор 50SPF. Со неа, на најприроден начин овозможувате оптимална заштита од штетните УВА и УВБ зрачења. Притоа, ја штитите кожата од штетните влијанија на сонцето, а интензивната формула ја одржува кожата влажна.

Создавањето на брчки е резултат на природниот процес на стареење. Како што старееме, нашата кожа станува потенка, сува и помалку еластична и ја губи способноста да се заштити од оштетување. Ова доведува до брчки, набори и линии на кожата. Сепак, постојат и фактори на начинот на живеење и животната средина кои можат да го забрзаат развојот на брчките. Оштетувања предизвикани од сонце, пушење, дехидрираноста, како и некои лекови и еколошки и генетските фактори влијаат кога и каде луѓето ќе развијат брчки. Затоа е важно да се спротивставите на овие процеси брзо и навреме. Производите од озон го прават токму тоа, па затоа започнете со озонска терапија уште денес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *