5 најголеми бенефити зашто да нанесуваме крема за сонце за лице

Нанесувањето на крема за сонце секој ден е клучен дел од вашата рутина за нега на кожата и без тоа ја изложувате чувствителната кожа на лицето на непотребно оштетување од штетните ултравиолетови зраци на сонцето.

  1. Го одржува тенот рамномерен – Со секое изложување на сонце, кожата на нашето лице се оштетува и „остава“ разни пигментации. Дневната крема за сонце ги спречува овие несакани последици.  

2. Заштита од сонце – Една од најочигледните и најзабележителни придобивки од кремата за сонце е тоа што ја штити кожата на вашето лице од широкиот спектар на штетни УВ зраци. Кремата за сонце всушност го минимизира навлегувањето на УВ зраците во кожата и предизвикувањето на разни заболувања на кожата.

3. Помага да се заштитиме од видливите знаци на предвремено стареење – Сите ние сакаме младешка, сјајна и здрава кожа. Но, прекумерното изложување на сончева светлина може да го зголеми предизвикувањето на фини линии и брчки. Со правилно нанесување на кремот за сончање со заштитен фактор, и добрата покриеност дури и на најмалите површини на кожа помага во заштитата од штетните ефекти на предвремено стареење или стареење на кожата.

4. Го намалува ризикот од карцином на кожа – Редовното користење и аплицирање на крема за сончање со заштитен фактор е ефикасно во намалувањето на ризикот од развој на рак на кожа, особено меланом.

5. Општо здрава кожа – „кожата е поздрава во целост кога користите крема за сончање“. Есенцијалните протеини во кожата како кератин се заштитени кога се нанесува крема за сончање. Овие протеини главно се одговорни за одржување на кожата мазна и здрава и по изглед и за функција.

За најдобра заштита на вашата кожа на лицето мора да обрнете внимание на видот на производот што го користите, кој ќе зависи од должината на времето што планирате да го поминете на сонце и од активностите што ќе ги правите, но за наши цели, ќе се фокусираме на производи за сончање кои се најдобри за секојдневна употреба, а не ден на плажа.

OZONE GOLD - MOISTURIZING CREAM 15SPF
OZONE GOLD – MOISTURIZING CREAM 15SPF
OZONE GOLD - SUN CREAM 50SPF
OZONE GOLD – SUN CREAM 50SPF

За оптимална заштита се препорачува:

  • вашата дневна заштита од изложеност на сонце не треба да биде над 50 SPF (доколку немате долги интервали на директно изложување на сонце)
  • крем кој има заштита од широк спектар (за УВА и УВБ зраци) за да се осигурате дека сте заштитени од сите штетни зраци на сонцето
  • да го земете предвид вашиот тип на кожа при избор на производ
  • доколку имате кожа подложна на акни и алергии на сонце изберете производ без мирис и конзерванси
  • доколку имате сува кожа изберете производ со дополнителна карактеристика за навлажнување на кожата.

Клучно за задржување и зачувување на здравјето на вашата кожа е секојдневното користење на крем за сончање без разлика дали е  зима или лето, правилно нанесување и често нанесување во летниот период.

Покрај УВА и УВБ заштитата дополнителни благодети за кожата на лицето се и:

  • хијалуронската киселина за дополнителна хидратација која претставува една од основните состојки во конективното ткиво на нашата кожа и ја помага цврстината, еластичноста и мекоста на самата кожа.
  • aлое вера помага во намалување на брчките, но и во регенерирање на кожата. Тој значително ја подобрува еластичноста, а со тоа и ја редуцира појавата на тенките линии.
  • И секако озонирано масло кое има антисептички и антибактериски бенефити. Со секое нанесување правите и еден вид на „дезинфекција“ на кожата со тоа што ги „отстранувате“ сите бактерии кои се размножуваат на нашата кожа и создаваат несакани последици како акни, воспалувања и црвенила.

Бенефити кои можете да ги најдете во  Оzone Gold линијата за сонце.

Обезбедете ја вистинската заштита на вашата кожа на лице со Ozone Gold Sun Cream SPF 50 и Ozone Gold Moisturizing cream SPF 15. За оптимална заштита во текот на целиот ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *